Се активираше вулканот Етна

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, еруптираше при што исгрли облаци од пепел, а беше и причина за затворањето на аеродромот во блискиот град Катанија.

Како што соопштуваат од аеродромот, откажани биле 22 полетување, а 26 авиони кои требало да слетаат во Катанија биле упатени кон други аеродроми. Затворен е и аеродромот Комизо во истиот регион.

 Етна е активен вулкан и често еруптира, а нејзиното последно активирање почна во саботата и е најсилно во последните месеци.  Лавата што потече по парините на вулканот се гледа од Катанија и од историскиот град и морско летувалиште Таормина.

16.12.2013 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега