Снежно невреме ја зафати Канада

Снежно невреме ги зафати централниот и источниот дел на Канада, предизвика хаос  во воздушниот сообраќај, како и проблеми во патниот сообраќај.

Снегот и силните ветрови, кои почнаа во саботата, покрај Торонто и Отава, ги зафатија и Квебек и провинциите долж атлантското крајбрежје до Њуфаундленд.

Канадската служба за животна средина соопшти дека снежната покривка на места достигнала и до 35 сантиметри.

Поради невермето стотици жители на Квебек остана без електричка енергија. 

Метеоролозите соопштија дека денеска се очекува прекин на снежните врнежи во источните провинции.

16.12.2013 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега