Почина актерот Питер О`Тул

Актерот Питер О`Тул кој се прослави  по улогата во ремек-делото Лоренс од Арабија, почина во 81. година од животот.

Питер во 70-тите години го победи ракот на желудникот, почина во лондонската болница после долго боледување. О`Тул дури минатата година се прости од богата актерска кариера.

- На професијата, со длабока благодарност и без солзи, и давам поздрав, рече тогаш ирскиот актер, кој после успехот со Лоренс од Арабија, глумеше во низа филмови, вклучувајќи го „Казино Ројал“ (1967.), „Лав во зима“ (1968.) „Марфијева војна“ (1971), „Последниот кинески цар“ (1987.) и „Троја“ (2004.).

Иако беше осум пати номиниран за наградата Оскар, доби само почесна златна статуа за животно дело.

Питер о`Тул е овековечен и во ликот на стрип јунакот Алан Форд, затоа што послужи како инспирација на Магнус за насловниот лик на култниот стрип

16.12.2013 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега