НСА: Сноуден ги украде клучевите од „кралството“

Како што пренесува РТ Едвард Сноуден всушност ги украл клучевите од кралството“ кога ги објавил над 1,5 милионите документи, изјавил висок функционер на американската Национална безбедносна агенција Рик Леџет.

Исто така Леџет во интервју за  Си-би-ес изјавил дека поранешниот соработник ја поседува „мапата на патот“ која ги содржи „силата и слабостите на американската разузнавачка агенција“.

Сноуден украл 31.000 документи кои официјално се вбројуваат во деталната листа од исклучително значење за Националната безбедносна агенција, кои содржат за што агенцијата се интересира, но и кои се нејзините слабости и „дупки“.

Леџет изјавил дека би дозволил можност за амнестија на Сноуден, кој се наоѓа во егзил во Русија, доколку тој се согласи да престане да објавува нови доверливи информации.

Но директорот на НСА, генералот Кит Александер, ја отфрлил секоја можност за амнестија на Сноуден.

„Тоа е исто како некој да држи 50 заложници, да убие 10 и да каже: Сега пуштете ме, а јас ќе ги ослободам останатите 40“, оценил Александер.

16.12.2013 - 10:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа