Наркозависник по грешка влегол во полициско возило за да бара дрога

Еден зависник од дрога по грешка наместо да отиде до автомобилот на дилерите за да си набави дрога, застанал до полициско возило и го прашал полицаецот дали ја донел дрогата. Според информациите од Блиц, наркозависникот сам влегол во возилото и од полицијата побарал дрога.

- Не ни очекувавме вакво нешто. Момчето само седна во автомобилот и побара дрога. Му заѕвоне телефонот и некој го праша до каде е со дрогата, велат полицајците.

Тие го однеле 29-годишното момче до местото каде го чекал дилерот, но откако тој ги забележал почнал да бега со својот автомобил. Сепак, на крајот бил стигнат и приведен во полициска станица.

Инаку, човекот не можел да зборува и буквално на улица повратил ќесичка со хероин.

16.12.2013 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега