Путин по трет пат избран за политичар на годината

Рускиот претседател Владимир Путин третпат е избран за политичар на годината во Русија. 

Се работи за  анкетата на Фондот „Јавно мислење“, во која 32 проценти од граѓаните го посочиле токму Путин како „најпопуларен политичар или општествен деец“ за 2013 година, пишува весникот „Комерсант“. 

По Путин, на второ место се најдоа министерот за одбрана Сергеј Шојгу и лидерот на екстремно десничарската националистичка  Либерално демократска партија, Владимир Жириновски, додека на третото месот се најде лидерот на комунистите Генадиј Зјуганов и првиот човек на партијата Граѓанска платформа, милијардерот и поранешен кандидат за претседател, Михаил Прохоров. 

 

16.12.2013 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега