Полицијата го фатила со 500.000 евра во багажникот

Белгиски возач е уапсен и ставен во притвор во Тулуз, откако беше запрен на блискиот автопат со половина милион евра во багажникот од автомобилот,.

Белгискиот државјанин бил упасен во ноќта меѓу средата и четвртокот, а веста е потврдена само сега од судски извори за француските медиуми.

Регионалниот дневен весник „Депеш ди Миди“, пишува дека во автомобилот се пронајдени 500.000 евра во мали банкноти, од страна на подвижна контрола на царината на автопатот меѓу Монтобан и Тулуз.

Според весникот, царината запренила неколку грама кокаин и марихуана, која очигледно била добро информирана за носителот на парите. Белгискиот државјанин според информациите самиот се претстави дека е „обичен спроводник – маска“ според жаргонот кој го користат шверцерите со дрога

15.12.2013 - 21:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега