Во Украина тензично - контрапротести на улиците на Киев

 

Неколку илјади приврзаници на опозицијата и евроинтеграцијата и денеска се присутни на „Плоштадот на независност“, додека на блискиот „Европски плоштад“ се собраа повеќе илјади приврзаници на украинскиот претседател Виктор Јанукович на митингот „Да ја зачуваме Украина“.

Двата централни плоштади во Киев ги дели улицата „Крешцатик“, на која се распоредени полициски сили и се поставени возила на Министерството за внатрешни работи.

Ноќта на „Плоштадот на независност“ помина мирно, каде настапуваа украински музичари, а свое обраќање имаше и поранешниот министер за одбрана и пратеник на опозициската партија Татковина, Анатолиј Гриценко. Тој ги повика демонстрантите да се упатат кон Министерството за одбрана.

- Армијата треба да биде со народот, истакна Гриценко.

Приврзаниците на Јанукович и неговата Партија на региони за денеска најавија масовна акција за поддршка на актуелната власт. Најавено е дека митингот „Да ја сочуваме Украина - нашата заедничка Татковина“ ќе трае два дена.

Еден од организаторите е Олег Калашњиков кој истакна дека „луѓето сакаат да изразат поддршка на претседателот, и оти се револтирани од тоа што се случува на „Плоштадот независност“, но оти досега немале можност да се слушне гласот на регионите

14.12.2013 - 12:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега