На улица го камшикувал својот син бидејќи бегал од училиште
Еден Кинез го соблекол својот 8-годишен син по гаќи, го врзал за дрво на улица и го тепал со стап.
Околу него се собрале стотина љубопитни граѓани па дури и му аплаудирале на таткото што решил хавно да го казни својот син што бегал од часови.
Малечкиот ученик почнал да доцни дома после часовите, па упорниот татко возејќи наоколу го фатил како стои пред некој маркет и решил да го казни, соблекувајќи го гол на температура од 5 степени и тепајќи го пред сите.
Овој метод за дисциплинирање во Кина не е казниво дело посебно кога децата имаат сериозен проблем со однесувањето.
Тепањето се практикува во кинеските семјества иако има обиди таквите насилнички методи да се исфрлат од воспитувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа