Турска пратеничка со шамија на главата зборуваше од собраниската говорница!
За прв впат во историјата на турскиот парламент пратеничка говореше од собраниска говорница носејќи на себе шамија.
Како што објавуваат турските медиуми, се работи за Џанан Џандемир Челик од владејачката Партија на правдата и развојот која говореше за Буџетот на Турција за 2014 година.
Таа е петтата турска пратеничка која објави дека ќе носи шамија за време на парламентарни седници.
Веснсикот „Хуриет дејли њуз“ потсетува дека пред 14 години на пратеничка од политичка партија и било забрането да влезе во собраниска сала и да даде заклетва во парламентот.
14.12.2013 - 11:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа