Италјанската полиција заплени шест тони албанска марихуана

Полицијата во Италија  заплени шест тони албанска марихуана, чија вредност на нарко пазарот достигнува околу 10 милиони евра.

При акцијата се уапсени поголем број членови на организирана нарко група, од кои повеќето се Албанци.

Акцијата била реализирана во Комо, Милано и Барлета-Андрија-Трани, при што биле претресени 43 куќи, запленети пет автомобили, материјали за пакување дрога, како и 11.000 евра.

Со организацијата раководело албанско семејство кое дрогата ја носело од Албанија, додека албанско-италијанска група вршела распродажба.

Пратките со марихуана доаѓале од Албанија и се истоварувале во Пулија, каде се чувала дрогата, по што со комби била разнесувана во разни делови на Италија.

13.12.2013 - 16:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега