Поранешна мис на светот силувана

Израелката Линор Абаргил во 1998 година беше избрана за мис на светот, само неколку недели пред изборот била силувана. Со титулата решила да им помогне и на другите жртви кои биле сексуално злоупотребени. Линор држи кампањи и предавања низ целиот свет.

„Никогаш не сакав да учествувам на изборот за мис, но наградата беше патување на Тајланд и автомобил. Сакав да имам автомобил пред да добијам возачка дозвола, од таа причина за мене тој избор претставуваше рај“, вели Абаргил која круната за најубава во светот ја доби на 18 години.

Но само неколку недели пред изборот во Милано таа била жртва на секуално злоупотребување.

„Кога победив ја сфатив мојата мисија. Всушност тој настан ја одреди“, додава таа. Мисијата била патување по цел свет, охрабрување за жртвите на силување, советување – да не молчат, да не се срамат и да не се обвинуваат себе си.

 

13.12.2013 - 15:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега