Лавина затрупа две деца во Турција

Две деца затрупани  денеска од лавина во турскиот југоисточен округ Хакќари, во близина на границата со Иран, јави електронското издание на весникот „Заман“.

Инцидентот се случил во близина на градот Шемдинли. Во реонот се испратени спасувачки екипи од Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби, кои трагаат по исчезнатите.

Изминатите денови голем број региони на Турција беа зафатени од обилни снежни врнежи, поради што во некои окрузи децата беа пред време пуштени на распуст

13.12.2013 - 14:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега