Последен бакнеж за пријателот - трогателна разделба

Мајк Кели  и мачорот Енди биле неразделни другари.  Енди секое утро со својот сопственик појадувал јогурт, а навечер го чекал пред вратата кога се враќал од работа.

Кога бубрезите неизлечливо му се разболеле, Кели побарал помош за палијативна нега од ветеринари кои доаѓале на домашна посета и разговарале со него за миленичето, го лечеле мачорот за да има што помалку болки, и на крај, му обезбедиле достоинствена и релативно безболна смрт.

„Ми беше најдобар другар. Секој ден беше овде за мене, се’ би направил да можев да му го продолжам векот“ – вели Мајк Кели од Калифорнија за својот мачор Енди.

Мајк сакал мачорот да има лесна смрт па  му направиле еутаназија.

Но разделбата секогаш е тешка и трогателна, а тоа го потврдува и оваа фотогарфија на Мајк Кели и неговиот мачор Енди, снимени непосредно откако ветеринарката му дала смртоносна инјекција.

13.12.2013 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега