ФОТО: Последната фотографија од тетинот на Ким Јонг Ун пред погубувањето

Моќниот тетин на лидерот Ким Џонг Ун е егзекутиран поради предавство. Државните медиуми објавија дека Џанг Сонг Тек, кој се сметаше за втор најмоќен човек во земјата, бил осуден на смртна казна од воениот суд.

Претходно оваа недела, Џанг беше разрешен од функциите и беше обвинет за финансиски малверзации, коцкање, швалерисување и злоупотреба на дрога.

Државните медиуми рекоа дека бил „полош од куче“. Џанг се доживуваше како ментор на Ким Џонг Ун кој му помагаше да ја консолидира власта по смртта на неговиот татко Ким Џонг Ил. Џанг беше сопруг на сестрата на Ким Џонг Ил, односно тетин на актуелниот диктатор Ким Џонг Ил. Министерството за обединување на Јужна Кореја соопшти дека владата во Сеул е многу загрижена поради развојот на настаните во Пјонгјанг и оти се консултира со сојузниците.

Во Белата куќа, пак, соопштија дека ако се потврди дека информацијата за егзекуцијата е точна, тоа е „уште еден пример за бруталноста на севернокорејскиот режим“.

13.12.2013 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега