ВИДЕО: Специјална изведба на 5-годишно девојче за своите глуви родители

Клер е петгодишно, но навистина храбро девојче кое на празничната приредба во нејзината градинка со знаковен јазик им ја пренесува песната на своите глуви родители.

Нејзините родители се родени глуви, таа нема никаков проблем со слухот, но сепак добро го владее американскиот знаковен јазик.

„Клер користеше знаковен јазик во приредбата затоа што беше внимателна кон нас и сакаше да го разбереме текстот на песната“ – изјавила Лори Коч, мајката на Клер.

13.12.2013 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега