Илјадници жители на Јужна Африка се простија од Нелсон Мандела

Илјадници жители на Јужна Африка денеска во Преторија му оддаваат последна почит на поранешниот претседател Нелсон Мандела.

Некои од нив поминаа и по неколку стотини километри, за да му оддадат почит на поранешниот претседател, а други со часови чекаа за да можат да минат покрај ковчегот со посмртните останки на Мандела.

Утре рано изутрина, останките на борецот против апартхејдот ќе бидат однесени со авион до родното село Куну во јужниот дел на земјата, каде Мандела поминал дел од детството и каде што сакал да биде погребан.

Во недела таму ќе се одржи  државниот погреб во присуство на околу 5.000 лица, меѓу кои и видни странски личности како принцот Чарлс и поранешните француски премиери Лионел Жоспен и Ален Жипе.

Нњлсон Мандела почина на 5 декември на 95-годишна возраст. Тој посакал да биде погребан до мајка му и до трите негови деца во Куну, на околу 1.000 километри од Јоханесбург

13.12.2013 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега