Канадската пошта ја укинува доставата на домашна адреса

 

Поштата во Канда  во следните пет години ќе ја  укине постепено испорака на пратки во градските центри биделќи има големи финансиски загуби поради  употребата на Интернетот.

Државната корпорација Пошта на Канада соопшти дека ќе замени испорака на домашна адреса во т.н. сандачиња кои ќе бидат сместени на посредна локација во градот и каде граѓаните сами ќе доаѓаат да подигнат пошта.

Околу една третина од Канаѓаните добиваат пошта на домашна адреса.

Според студија на Конференцискиот одбор на Канада непрофитна организација што се занимава со анализа на економски трендови, со укинувањето на испораката на домашна адреса во урбани области поштата ќе заштеди околу 540 милиони долари.

Канадската пошта е со намера во следните пет години да укине меѓу шест илјади и осум илјади работни места претежно со пензионирање вработени. Во крајот на 2012 година во Пошта на Канада имало вработено 68.000 луѓе. Во третиот квартал оваа година заклучно со 28 септември Поштата на Канада пријавила загуби од 102 милиони долари. 

12.12.2013 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега