Уапсени две жени во Саудиска Арабија бидејќи возеле автомобил

 

Како што соопштија саудиските медиуми полицијата во Саудиска Арабија приведе две жени, поради тоа што ја прекршиле забраната и управувале со автомобили.Жените се сопрени во Ријад, а потоа и приведени. Активистите во државата во септември покренаа кампања против оваа одлука на владата.

Според важечките закони, доколку полицијата забележи жена која управува со автомобил, повикува некого од нејзиното семејство кој што е припадник на машкиот пол, а тој треба да потпише изјава дека таа повеќе нема да седне зад воланот.

Како што пренесе„Асошиејтед прес“ овој случај излезе во јавност бидејќи  жените биле задржани во притвор повеќе од вообичаеното време.

12.12.2013 - 11:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега