Груевски во Германија ги претстави можностите за инвестирање во Македонија

Шефот на Владата, Никола Груевски, во рамки на својата посета во Германија, денеска оствари средба со претседателот на Сојузот на германската индустрија, Урлиб Грило. 

Премеирто на средбата ги презентирал можностите за инвестирање во Македонија  истакнувајќи ги ниските даноци и ниските трошоци за правење бизнис кои се најниски во Европа. Беа претставени и можностите и реформите во областа на администрацијата, кратењето на процедурите за водење бизнис.

Претседателот на Сојузот на германската индустрија добил покана и да ја посети Македонија заедно со бизнис делегација од Германија пред која непосредно ќе бидат разгледани можностите за инвестирање.

 

11.12.2013 - 14:50
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега