Кери и Венизелос не разговарале за спорот со името
Вашингтон негира дека минатата недела во Брисел оствариле средба американскиот државен секретар Џон Кери и грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.
Инаку, грчките медиуми деновиве беа полни со информации за настапот на Венизелос кој потенцираше дека Македонија не треба да добие покана за членство.Грчкиот весник Та Неа, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека веднаш по обраќањето на Венизелос, американскиот државен секретар Џон Кери му пришол, и разговарале за спорот за името. Сепак, како што јавува МИА, во американскиот Стејт департмент велат дека ваква средба немало.
Од американската страна, нема информации за каков било разговор за спорот за името, што го објавија грчките медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа