Трубарево: Влегол преку прозорец и украл 200.000 денари

 

 

Уште една куќа во скопско мета на крадци. Се работи за куќата на 45-годишниот Ф.В. во скопско Трубарево каде засега непознат сторител качувајќи се на дрвена скала го отворил прозорот од тоалетот на катот од куќата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 1.400 евра и разновиден златен накит.

Причинета е материјална штета од околу 200.000 денари. 

Полицијата работи на случајот.

10.12.2013 - 12:22
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега