Сопругот на ќерката на Џеј: Не ја претепав сопругата - тоа се лаги!

Српскиот пејач Адил Максимовиќ за кој излегоа информации дека ја претепал својата сопруга, инаку ќерка на пејачот Џеј Рамадановски, која се породи пред само два месеци, за српскиот Телеграф си ја отвара душата и вели дека ништо од тоа што се пишува не е вистина и дека ќе го тужи весникот кој ја објавил лагата дека тој си ја претепал саканата.

- Не е точно дека ја претепав сопругата. Јас и Ана не се ни скаравме, а да не зборуваме за физичка пресметка. Ќе го тужам весникот кој ја објави оваа лага и сите лажни изјави. Кариерата со години ја градев на гласот, никогаш не сум направил скандал. Не можам да верувам што ми направија, вели пејачот за српскиот портал Телеграф.

Тој додава дека дали ја зборува вистината може да се провери и во полиција и во Брза помош.

09.12.2013 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа