Близначки од пеколот: Нарачале убиство на бизнисмен за да му го земат станот

Сандра и Марија Ј. две сестри близначки од Белорусија кои живеат во Хрватска, нарачале убиство на угостител од соседниот град Ровињ, со кој една од нив била во врска.

Овие близначки од пеколот убиството го планирале од чисто материјален интерес бидејќи едната која била во врска со бизнисменот сакала да му ги земе парите и станот во кој живееле заедно.

- „Девојките се класични спонзоруши и очигледно се подготвени на се. Но, кој можел и да сонува дека ќе отидат толку далеку“, изјавил еден нивен познаник за Јутарњи лист.

Тие најмиле младо момче да го убие човекот, а кога тоа се исплашило и него му се заканиле. Девојките се веќе зад решетки.

09.12.2013 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега