Гостиварчанец остана без 120.000 денари
Крадците не запираат. Викендов две маскирани лица ограбиле вработен во спортска обложувалница во Гостивар.
Според податоците, засега непознатите сторители на улицата Беличица го пресретнале 24-годишниот Б.Д. и со закана со пиштол му ја земале чантата која ја носел со себе, во која имало 120.000 денари.
Полицијата трага по сторителите.
09.12.2013 - 10:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа