Путин ја укина државната новинска агенција РИА
Рускиот претседател Владимир Путин ја укина државната новинска агенција РИА Новости и основа нова – Русија денес.
Со истиот указ, на новата Меѓународна информативна агенција „Русија денес“ и припаѓа во сопственост и радиото Глас на Русија, а редакцијата на весникот Росискаја газета се реорганизира и на нив им се припојува магазинот Родина.
За прв директор на новата агенција Путин го назначи Дмитриј Кисјелов.
09.12.2013 - 10:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа