Јужна Африка му оддава почит на Мандела
Јужна Африка цела недела ќе му оддава почит на поранешниот претседател и симбол на борбата против апартхејдот Нелсон Мандела. На погребот на Мандела кој ќе се одржи на 15. декември ќе присуствуват лидерите на земјите од целиот свет, меѓу кои и претседателот на САД Барак Обама.
Мандела ќе биде погребан во родниот град Кун на југот од земјата, а пред погребот неговото тело три дена ќе биде изложено во седиштето на претседателството во Преторија.
Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република почина во четвртокот вечерта во Јоханесбург.
07.12.2013 - 13:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа