Наташа Беквалац живее во страв - ја прогонува непознат маж

 

Како што пишува српски Блиц пејачката Наташа Беквалац овие денови живее во страв бидејќи ја прогонува некој непознат маж.  Тој постојано и испраќа подароци пред вратата од станот во кој наскоро би требало да се всели.

Наташа сеуште ја нема известено српската полицја за прогонувањето на овој непознат маж недевајќи се дека ќе се откаже.

- На Наташа сега не и е дојдено до долгоочекуваната селидба. Се започна кога мајсторите ја информираа дека неодамна дошол еден господин во средни години да се распрашува кога таа ќе започне да живее овде. Мислејќи дека е некој од нејзините пријатели, му одговориле дека не го знаат точниот датум, но веројатно наскоро, изјавил еден од пријателите на Наташа кој е упатен во ситуацијата.

Пред влезната врата од станот Наташа покрај подароците пронашла и писмо: 

- Секогаш сум тука за тебе, едвај чекам да ми бидеш блиску.

06.12.2013 - 15:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега