Бесими: Можеме и мораме да ја градиме европска Македонија

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска во рамките на тркалезната маса “Отвореност и слобода – европска Македонија”, истакна дека можеме и мораме да ги донесеме европските вредности и да ја градиме европска Македонија која ќе биде дел од Европската унија.

- Младите што ги гледам денес тука се европските граѓани на Македонија, и како што рекол Нелсон Мандела кој за жал почина вчера „Изгледа невозможно, додека не се оствари.” Bи ја користел истата мисла и за Македонија во контекст на европската перспектива. Јас искрено верувам дека ние можеме и мораме да го постигнеме тоа, да ги донесеме eвропските вредности и да ја градиме eвропска Македонија, а со тоа и Македонија да биде дел од Европска Унија, рече Бесими.

На тркалезната маса говорници беа и австрискиот амбасадор Томас Мишел Бајер, Петра Андерсон претставник на Делегација на Европската унија во Скопје и Радмила Шеќеринска во својство на поранешен вицепремиер за европски прашања.

Тркалезната маса е во организација на Европскиот Форум Алпбах, Австриската Амбасада во Скопје и Институт за Меѓународни политички студии.

06.12.2013 - 15:09
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа