ФОТО: Ковачки објави фотографија од возилото на разузнавачите кои го следеле Мицкоски?
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, објави статус на Фејсбук во кој кажа дека власта следи и прислушкува, како и фотографија од возило со кое вели дека бил следен лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Засега нема реакција од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за обвинувањата од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Следите, прислушкувате и сакате да заплашите. Ниту ви поминувало, ниту ќе ви помине. Доаѓа време за одговорност. За многу кратко време од сега ќе треба да кажете како и што сте работеле со државните ресурси. Цел ден оперативците на АНБ (Агенција за Национална Безбедност) Р.Ва., Р.Вр., и Г.К. го поминаа денот во Прилеп. Денеска во Прилеп беше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ова на сликата е возилото на оперативците на АНБ во кое има соодветна опрема и е паркирано во близина на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Во која НАТО држава Агенцијата за Национална Безбедност наместо да си ја работи работата што и е пропишана со Закон, се фокусира на следење и документирање на активностите на опозицијата? Ковачевски и Спасовски, за секое следење, прислушкување и тероризирање ќе одговарате! Ќе се потсетите на ветувањето кога за тоа дојде време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа