Контроверзна книга која го шокираше светот: Путин е геј!

Рускиот претседател, Владмир Путин  е всушност слабак кој се плаши од луѓето и сака да поминува време со животните и честите голи мачо слики се само маска за да се прикрие неговата целосна асексуалност, или дури и латентна хомосексуалност. 

Ова се најновите тврдења на рускиот политички аналитичар и коментатор Станислав Белковски, објавени во книгата "Владимир: целата вистина за Путин", која е објавена во германскиот во Минхен издавач Redline, кои ги објавува Дејли мејл.

Белковски како главна карактеристика на Путин ја издвојува постојаната потрага за замена на семејството и страв од луѓе, бидејќи тој не чувствувал доволно родителска љубов во детството.

Исто така тој во книгата тврди дека Владимир Путин, всушност е роден две години пред официјалниот датум на раѓање, дека наводниот вистински татко му бил алкохоличар и дека мајката го одвела Владимир во Грузија. Но малиот Путин наскоро бил испратен во Ленинград, каде што го присвоиле неговите "официјален" родители. Белковски нема докази, но спомнува наводи "на познатиот истражувачки новинар", кој го истражуваше раѓањето на Путин пред да умре под сомнителни околности во пад на приватен авион.

Инаку Белковски е  колумнист за еден од москвовските таблоиди и соработник на неколку западни весници, често објавува свои сензационални откритија за Путин, вклучувајќи ги и неговите безбројни наводи за тајни акции во руски нафтени компании. 

04.12.2013 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега