Пронајдени масовни гробници во Перу

Како што соопшти перуанското државно обвинителство, во Перу пронјадени масовни гробници и исто така се пронајдени останки на 54 лица, претежно жени и деца 

Во соопштението се наведува дека во 19 гробници во градот Чунги се откриени тела на 54 лица, убиени од огнено оружје, веројатно во текот на 80-те години од минатиот век, а меѓу нив има 26 деца и 18 жени.

- За сега не може да се утврди дали жртвите се убиени од членовите на маоистичката герилска групација или од војската, нагласија обвинителите.

Експертите веруваат дека жртвите се убиени во 1986 година, за време на првиот мандат на претседателот Алан Гарсија. Перу во 90-те години му стави крај на бунтот на маоистичките герилци, чиј основач Абимаел Гусман е во затвор на отслужување доживотна казна. За време на бунтот се убиени или исчезнале околу 69 илјади лица. 

04.12.2013 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа