15 милиони денари за реконструкција на Здравствениот дом во Прилеп

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети Здравствениот дом во Прилеп и најави инвестиција во висина од 15 милиони денари. 

- Ќе се обновува целата фасада, дограмата, внатрешните ѕидови, а ќе се вгради и лифт кој ќе им помогне на пациентите, посебно на лицата со посебни потреби и со инвалидност. Целата инвестиција е 15 милиони денари, дел од Министерството за здравство, дел пари на Здравствениот дом, изјави Тодоров.

Здравствениот дом има приход од 2 милиона денари и тоа многу значи за неговото функционирање, особено учеството во неговата обнова, зашто во него се над 40 концесионери и многу пациенти, па се подобруваат условите за работа на лекарите, но и подобра услуга на пациентите, рече Тодоров.

Директорот на Здравствениот дом, Петар Ристески истакна дека реновирањето на Здравствениот дом е во завршна фаза.

- Освен тоа набавени се две нови возила за домашни интервенции, пред се во населените места, набавена е медицинска опрема. Ќе пристигне нов стрес апарат, ЕКГ, мобилен стоматолошки сет, и се е во вредност од четири милиони денари, потенцира Ристески.

Во Општа болница Прилеп во тек се огласи за вработувања 4 доктори, 6 медицински сестри, двајца физиотерапевти, тројца болничари. Претходно се вработени 13 медицински сестри и двајца доктори на медицина Исто така, со преземање е вработен специјалист-радиолог од ПЗУ во ЈЗУ и во тек е постапката за преземање доктор-психијатар. Во изминативе месеци се реализирани стручни едукации во реномирани медицински центри во странство на голем број доктори, медицински сестри и радиолошки техничари, додаде Тодоров.

03.12.2013 - 15:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега