Додик ја напуштил средбата со Филе

Како што наведуваат тамошните медиуми претседателот на Република Српска Милорад Додик во понеделнико го напуштил состанокот на седумте највлијателни лидери на политичките партии во БиХ, со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Прага чија цел е договорот за спроведување на пресудата „Сејдиќ - Финци“.

Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи Милорад Додик, изјавил дека го напушта состанокот бидејќи „ситуацијата во врска со таа одлука, кога се работи за РС е јасна, и останува да се усогласат ставовите на партнерите во Федерацијата БиХ".

„Оставени сме со часови да седиме по ходници, додека лидерите на партиите од Федерацијата пробуваат одвоено да постигнат некаков договор. Сметаме дека тоа е некоректно и поради тоа го напуштам овој состанок, а РС веќе го даде својот став околу ова прашање", изјавил Додик.

 Тој додал дека предложеното решение „има за цел да ги укине дискриминирачките одредби кон оние не се дел од конститутивните народи во БиХ".

 

 

 

03.12.2013 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега