Средба Иванов-Фишер: Никој не губи ако Македонија ги почне преговорите

Претседателот Ѓорѓе Иванов од денеска престојува во дводневна посета на Република Австрија. Претседателот се сретна со својот австриски колега  Хајнц Фишер.

- Дојдено е вистинско време Македонија да ги почне преговорите за членство со Европската унија. Ниту една земја во ЕУ нема да има никаква штета, ниту назадување ако почнат преговорите. Австрија е членка и иницијатор на Групата пријатели кои се позитивни по односна одлуката за старт на преговорите. Тоа секако го вклучува и процесот на медијација и дискусија меѓу земјите кои се за почеток на преговорите и на пример Грција и Бугарија, рече Фишер.

И македонскиот претседател Иванов подвлече дека никој не губи ако Македонија ги почне преговорите за членство со ЕУ: -Многу земји на Балканот одат напред, само Македонија поради прашањето за името со Грција е во статус кво состојба. Бараме тоа што побрзо да се надмине, нагласи шефот на државата.

Австрија, како што изјавија Фишер и Иванов, била и останува голем поддржувач на Македонија во секоја сфера, евроинтеграциите, економскиот и политичкиот план.

03.12.2013 - 11:54
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа