Филе бара членките на ЕУ да дадат некаква насока за европската иднина на Македонија

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, очекува земјите-членки на Унијата на претстојниот Самит на Европскиот совет да дадат некаква насока за европската иднина на Република Македонија. Како што пренесува МИа, Филе кој учествува на конференција во Брисел заедно со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, истакна дека Комисијата бара Македонија да ги почне преговорите за членство.

- Јас сум загрижен за домашната политичка ситуација во ПЈР Македонија и тензиите меѓу Владата и опозицијата, како и од немањето резултати за прашањете на името во разговорите кои се водат под капата на Обединетите нации, посочи Филе и додаде: Ние им понудивме на земјите-членки како да се придвижи напред овој процес оти не го сметам за вредно постојаното повторување на препораките за почеток на преговорите, а земјите-членки повторно да ветуваат дека ќе се вратат на ова прашање за време на следното претседатлство со Унијата и да не исполнуваат. Понудивме нов пристап за решавање на добрососедските односи, вклучително и на прашањето за името на почетокот од пристапните преговори. Со доволно гаранции за сите загрижени дека добрососедските односи ќе се допрат како што треба пред да започнеме со супстанцијална работа во рамки на преговорите. За жал тоа не се зема предвид од земјите-членки.

Според Филе, ако се видат поглавјата 23 и 24, како последните години со трансформацијата на процесот на проширување, земјите-членки се повеќе имаат политичка контрола на процесот.

- Се отвораат бенчмарковите и истите се затвораат со поглавјата 23 и 24. Ние го направивме овој процес пополитички и време е да се однесуваме политички, додава комесарот за проширување.

На прашањето дали Комисијата има план Б, Филе одговара: - „Имаме Пристапен дијалог на високо ниво (ХЛАД) со Македонија, што не е замена за пристапните преговори, но креира моментум. Имаме „план Б” да ги допреме добрососедските односи, вклучително и на прашањето за името во почетната фаза на пристапниот процес. Проблем е што се создаде критично време и наместо македонските власти да испорачаат најдобро што можат за да ни помогнат со имплементирање на тој „план Б”, се случија настаните од 24 декември минатата година. Тоа ја стави земјата на чекање за период од десет месеци, а и се уште има импликации од тој процес“.

Дебатата на оваа конференција продолжува и се очекува да трае до доцните попладневни часови.

03.12.2013 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега