ФОТО: Се фотографирале па ја задавил и фрлил во шума

Уште еден хорор го потресе светот. На оваа фотографија е 17 годишната Џорџија Вилијамс со својот „пријател“ Џејми Рејнолдс, кој само неколку часа откако се сликале, ја задавил и ја фрлил во шума, па се сликал и до мртвото тело на тинејџерката. Нејзиното тело било пронајдено фрлено во шума на 26 мај, а веќе на 29 мај Рејнолдс е уапсен во хотел во Глазгов.

Најверојатно девојката отишла во домот на Рејнолдс на фото сесија, бидејќи така заработувала за живот. Тој сакал да и се приближи, но таа му кажала дека сака да бидат само пријатели.

 - Никогаш нема да разбереме зошто ова се случи. Признанието на убиецот не ни помага, не разбираме, болката е огромна, иста како кога девојчето ни беше одземено во мај - вели нејзиниот татко, детективот Стив Вилијамс.

Монструмот се соочува со доживотен затвор.

03.12.2013 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега