Пол Вокер учествувал во улична трка?

Како што пренесува американскиот портал ТМЗ дека детективите  ги повикале граѓаните да пријават во полиција ако имаат некакви информации во врска со сообраќајката во која загина ѕвездата на „Брзи и бесни“ актер Пол Вокер.

Според информациите кои ги пренесува ТМЗ, местот на кое  Вокер загина е позната како популарна локација за улични трки и дека се појавиле шпекулации дека неговиот пријател и тој биле учесници во едно такво натпреварување.

Полицијата исто така истражува и дали има траги од кочење, Според првичните  информации, со поршето биле правени познатите „осмици“, а воедно се најдени и други траги кои покажуваат дека имало и друг автомобил.

 

03.12.2013 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега