Македонски лекари на обука во Лондонската кралска болница

Премиерот Никола Груевски кој е во официјална посета на Лондон, ја посети Лондонската кралска болница каде што договори соработка за обука на медицински персонал од Македонија. Уште наредната недела Министерството за здравство треба да испрати детали за сите обуки кои се потребни во текот на наредната година. Обуката ќе опфати и друг медицински персонал, вклучувајќи и менаџери на болници, фармацевти и се она што е поврзано со болниците и клиниките во Македонија.

– Цениме дека една од клучните работи е обуката на лекарите, бидејќи медицината секојдневно оди напред, излегуваат нови методи за лекување и дијагностицирање. Затоа воспоставуваме пракса нашите лекари и медицински персонал да имаат континуирана обука во поразвиените земји, рече Груевски.

Али Џахад, директор за меѓународна соработка на Кралската болница во Лондон, истакна дека има многу можности за соработка со Македонија.

- Можеме да соработуваме во обука на лекари, медицински техничари и друг медицински персонал, кои потоа ќе го пренесуваат стекнатото знаење на своите колеги во Македонија. Можеме да разменуваме и искуства за управувањето со болниците, изјави Џахад.

03.12.2013 - 10:19
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега