Медицински техничар заразувал пациенти со хепатит Ц

Медицинскиот техничар Дејвид Квијатковски, кој зарази десетици луѓе со хепатит Ц во четири американски држави, судот го осуди на 39- годишна казна затвор.

34- годишниот  Квијатковски призна дека крадел шприцови со лекови против болки и ги заменувал со хемиски раствор измешан со неговата крв. Тој изјави дека крадел лекови од 2002 година, па се проценува дека извршил замена на инјекции најмалку 50 пати во Њу Хемшир, најмалку 30 пати во Џорџија и повеќе од 20 пати во Канзас.

- Не ги обвинувам семејствата што ме мразат. Јас се мразам самиот себе си, истакна Квијатковски, откако ги слушнал изјавите на луѓето кои ги инфицирал и  нивните роднини

03.12.2013 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега