Мицевски: Ставањето на точката за избор за уставни судии на собраниската седница е настан беа преседан
Ставувањето точка на дневен ред за утврдување на предлог за избор на уставни судии е преседан сам по себе, што се нема случено во 30-годишниот плурализам и ова е првпат една Комисија да не ја заврши расправата по точката, а да испрати извештај и тој да се смета за релевантен врз основа на којшто ќе се дискутира на пленарна седница, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на прес-конференција во Собранието.
Мицевски најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе разгледа можност за поднесување на интерпелација, но и одредени кривични пријави за, како што рече, „сите оние кои се инволвирани во оваа постапка“. Тој додаде дека расправата по третиот предлог-кандидат во Комисијата се уште не е завршена и точката уште не е утврдена, односно, според него, во целиот случај се постапува неделовнички.
– Претседателката на Комисијата за прашања на избори и именувања е злоупотребена и е ставен потпис на извештај којшто го измислиле други умни глави, а таа требала да го реализира, ставајќи го својот интегритет за ваква работа, рече Мицевски.
Ова, според него, е „класично изгирување на процедурата“ и „класично кршење на Уставот“.
– По доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт, целата постапка на злоупотреба на изборот на уставни судии повторно ќе биде разгледана, рече Мицевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа