Познатата македонска пејачка ја раскина свршувачката

Иако се чекаше следната година да биде објавен датумот на венчавката, која поради одредени семејни причини беше откажана, сепак пејачката Фани Христова и нејзиното долгогодишно момче Дејан ја раскинаа свршувачката, барем така се шушка низ чаршијата, пишува Вечер. Отстранувањето на љубовниот статус на Фејсбук и заедничките фотографии, како и неодамнешната изјава на пејачката: "Прво да го најдам човекот на мојот живот, па ќе ја замислувам идеалната свадба, оти вака немам инспирација..." беа доволна причина да се потврди онаа "каде што има чад, има и оган", односно дека и во чаршиските муабети има по некоја вистина.

"Заедно сме подолго време и конечно лончето си го најде капачето. Во вакво нешто досега не верував, мислев дека е само кажана фраза", изјави Фани неколку денови откако Дејан и го стави вереничкиот прстен на домалиот прст, сепак колку и тоа да звучело совршено и на оваа свршувачка и дојде крајот. Причината за разделбата се уште не е позната оти пејачката не успеавме да ја добиеме до затворање на бројот.

Инаку, пред седум години Фани беше на прагот на првиот брак со пливачот Александар Маленко. Минатата година по втор пат раката и ја побара битолчанецот Дејан, сопственик на салон за разубавување со кого исто така се раздели по неколкугодишна врска. Да се надеваме дека кај Фани ќе важи онаа "трета среќа", па наскоро ќе и се исполни желбата, ќе застане пред олтар облечена во бело.

02.12.2013 - 23:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега