Полицијата во Исланд за прв пат застрела човек

Во Исланд се случи нешто што никогаш се нема случено. Полицијата  за првпат во историјата беше принудена да пука во човек кој подоцна починал.

– Случајот е без преседан во Исланд, изјави Харалдур Јохансен, директор на националната полиција.

Исланд има население од 322 илјади луѓе. Нивото на криминал е најниско во светот и полицајците ретко носат оружје.

Убиениот маж имал 60 години. Почнал без причина да пука кон луѓе од ловечка пушка утрово од својот стан во Рејкјавик каде живеел сам. Полицијата сакала да разговара собесниот маж но не успеала во тоа и била принудена да пука во него.

02.12.2013 - 15:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега