Седмото продолжение на „Брзи и бесни“ ќе биде снимено во чест на Пол Вокер

Седмото продолжение од филмот „ Брзи и бесни“ ќе биде посветен на трагично загинатиот актер Пол Вокер, чии авантури публиката верно ги пратеше во претходниот филм. 

- Уште сите луѓе од продукцијата не знаат што се случило, но позитивно е тоа што филмот ќе продолжи да се снима во чест на Пол- изјавил близок извор од продукцијата за порталот Holivud Lajf.

Пол Вокер загина вчера заедно со својот верен пријател Родас. Пол ќе остане запаметен како по неговиот цитат кој денеска се прошири низ целиот свет „Доколку еден ден ме убие брзината немој да плачеш, затоа што јас бев насмеан“. 

 

 

02.12.2013 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа