Иванов: Грижата за лицата со инвалидност мора да биде континуирана (ФОТО)

По повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност – 3 декември, денеска шефот на државата Ѓорѓе Иванов, се сретна со претставници од Националниот совет на инвалидските организации на Македонија. На средбата присуствувале претставници на Сојузот на глуви и наглуви на Република Македонија, Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – „Мобилност Македонија“, Републичкиот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост – „Порака“, Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија и на Националниот сојуз на инвалидите на трудот на Република Македонија.

Иванов изразил поддршка за активностите на инвалидските организации истакнувајќи дека и натаму ќе се залага во насока на понатамошно подобрување на правата на лицата со инвалидност.

- Државата и општеството во целина мора да водат грижа за сите граѓани. Грижата за лицата со инвалидност мора да биде континуирана, како од фактички, така и од правен аспект. Апелирам, унапредувањето на животот на лицата со инвалидност да се води не само преку институциите на системот на општествено ниво, туку и преку општините, преку локалните институции, и најважно од се, преку семејството. Општеството и институциите во целина мора да изнајдат механизми за да ја зајакнат природната улога на семејството, бидејќи ова се и системски, но и индивидуални проблеми, и поддршката мора да дојде прилагодена на индивидуалното прашање, истакна Иванов. 

Претседателот Иванов се информираше и за постигнатите резултати на овие здруженија.

02.12.2013 - 13:41
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега