Трудница била присилена да се породи со царски рез

Властите во Велика Британија, издале наредба на социјалните служби  на  трудница да и се направи царски рез и да се даде детето на посвојување, на основ на судски налог кој се повикува дека мајаката доживеала нервен слом.

Бремената жена  е Италјанка по потекло која престојувала во Велика Британија на стручна обука. Таа тврди дека никој не и рекол дека треба да и направат царски рез.

Имено, не постоела опасност да се породи природно, ни по нејзиното здравје,ни по нејзиното бебе.

Социјалните работници тврдат дека  постапиле во интерес на детето, девојчето кое денес има 15 месеци е вратено кај мајката веднаш по комплетното опоравување.

- Во својата 40- годишна кариера никогаш не сум слушнал за вакво нешто. Можам да разберам ако некој е многу болен да не може да се согласи за некоја процедура, но царски рез да се направи на сила, тоа уште ен сум го слушнал, изјавил адвокатот   Брендон Флеминг кој ја застапува мајката.

исто така тој изјавува дека подобро решение би било да социјалната служба во велика Британија да ја известела италјанската служба и да го пратат детето таму. Жената, лије име не е обелоденето од равни причини, наводно доживеала напад на паника додека престојувала во хотелот, а нејзините роднини сметаат дека до нападот дошло бидејќи не ги земала лековите за биполарни пореметувања од кои боледувала.

 

02.12.2013 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа