ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ осум години ги лажат кумановчани дека проблемот со депониите ќе стане минато

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара СДСМ да реагира на фактите што партијата ги изнела пред два дена за опасноста од депонијата Краста во Куманово.

- СДСМ и Зоран Дамјановски  два дена молчат и не реагираат на фактите кои ги презентиравме за депонијата Краста во Куманово. Молчат затоа што знаат дека тие се единствените одговорни за труењето на Кумановци. Тие  осум години наназад ги лажат Кумановци дека ќе го решат проблемот со отпадот, дека ќе ги затворат дивите депонии, дека ќе воведат еколошки стандарди на депонијата Краста, дека ќе изградат горилница, дека ќе го спречат труењето на воздухот и подземните води и што ли уште не. Но наместо тоа оваа депонија и понатаму  е еколошка бомба која ги труе жителите на 4 села во општина Куманово, им ги загадува бунарите и нивите, а со тоа и раноградинарските производи кои ги продаваат на пазарите во градот Куманово, се вели во денешното соопштение пд ВМРО-ДПМНЕ.

- Од овој договор на кој се потпишал Дамјановски не реализирал ниту едно ветување. Веќе е јасно дека зборот на СДСМ не вреди ништо. Ветувањата кои ги даваат на граѓаните се само лаги, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

01.12.2013 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега