Студеното време во Босна ја зеде првата жртва

Студеното време и ниските температури во Босна и Херцеговина се причина за смртта на 51- годишен Љ.О кој е жител на селото Банино Брдо во близина на градот Теслич.

Човекот починал како последица на смрзнувањата во текот на ноќта четврток кон петок.  Остојиќ во текот на ноќта се враќал дома преку локален пат кој не бил исчистен од снегот и паднал во снежен нанос.

 

Покрај телото на починатиот нема траги на насилство и е утврдено дека смртта настанало поради ниските температури.

30.11.2013 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега