Бошковски: Ќе му покажеме на светот кој е Вардар

Тренерот на РК Вардар Андон Бошковски пред натпреварот со Барселона, изјави дека очекува тежок натпревар.

-Барселона претставува еден од најголемите ракометни гиганти изминативе 20 години, и наша цел е да го извлечеме максимумот против еден ваков исклучително квалитетен и тежок протиник. Сметам дека со дисциплинирана и организирана игра ќе се преставиме во најдобро светло, и ќе му покажеме на светот кој е РК Вардар. И покрај малиот психолошки пад по поразот од конкурентот Металург, и повредите на Растворцев и Лазаров, верувам дека со правилна ротација овој недостаток ќе се анулира, ќе одиграме машки и со полна пареа”, вели Бошковски.

Натпреварот сае игра утре од 16.15 часот.

Превземено од rkvardar.mk

30.11.2013 - 11:37
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега