Атланта со победа - Антиќ остана на клупата

Во НБА лигата ноќеска се одиграа 13 натпревари, а тимот на Перо Антиќ со пресврт во второто полувреме стигна до триумф над Далас.

Македонскиот интернационалец не настапи на овој дуел и ќе чека шанса да добие минутажа на вечерашното гостување кај Вашингтон.

Вечерва играат Вашингтон – Атланта, Кливленд – Чикаго, Мемфис – Бруклин, Далас – Минесота, Сан Антонио – Хјустон, Феникс – Јута и Милвоки – Бостон.

 

30.11.2013 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа